Резервирај
Бидете дел од забавата
Внесете ги потребните инфомрации
ВАЖНО
Како функционира резервацијата?
По пополнување на формата за резервација, вашето барање се евидентира во системот.
Наш менаџер ќе ве контактира телефонски за да ја потврди резервацијата и да ги договори сите детали.
Дали резервацијата е веднаш потврдена?
Не. Резервацијата се смета за валидна само по телефонска потврда од менаџерот.
Доколку не бидете контактирани, ве молиме проверете дали податоците се точни.
Во кое време треба да се пристигнеме?
Гостите се должни да се појават во договореното време наведено при резервацијата.
Доколку доцните повеќе од договорениот временски рок, резервацијата може да биде поништена.
Како се одредува цената за влезница?
Цената за влезница зависи од типот на настанот, изведувачот или специјалната програма таа вечер.
Точната сума ќе ви биде соопштена при телефонската потврда од менаџерот.
Истата можете да ја видете на нашите социјални мрежи каде што ги споделуваме плановите за настаните кои ги организираме.
Дали цената важи за целата резервација?
Не.
Цената за влез се однесува по лице (1 влезница = 1 лице).
Доколку резервацијата е за повеќе гости, секој гостин плаќа индивидуална влезница согласно важечката цена за настанот.
Дали може да се измени бројот на гости?
Бројот на гости може да се измени само со претходна најава и потврда од менаџерот.
Дополнителни гости подлежат на плаќање на редовна влезница.
Износот ќе биде дополнително корегиран при пристигнувањето.
Дали во цената е вклучена консумација?
Стандардно, цената за влез не вклучува консумација (пијалак или друг производ).
Секоја консумација се наплаќа дополнително според важечкиот ценовник на објектот.
Дали е предвидена минимална консумација?
Во одредени специјални или VIP настани може да биде предвидена минимална задолжителна консумација по маса или по лице, што ќе биде однапред соопштено при потврдување на резервацијата.